Возење со друштво и под одвлечено внимани, непотребното преземање ризик и нестрпливоста, како и брзото и под дејство на алкохол возење се најчестите грешки и предизвици за младите возачи, информира денеска Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Неискусниот млад возач не е во состојба брзо е ефикасно да препознае опасни ситуации во сообраќајот, затоа, како што информираат од РСБСП, е особено важно младите возачи да бидат смирени, да ја намалат брзината и максимално да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината.
Според РСБСП статистиката покажува дека младите возачи почесто страдаат во сообраќајни незгоди предизвикани од возење под одвлечено внимание, што значи дека младите повеќе користат мобилен телефон, пишуваат пораки, консумираат храна, го подесуваат радиото, ја следат непосредната околина, прават козметичко средување, односно извршуваат голем број паралелни активности за време на возењето. Дополнително младите возачи спаѓаат во групата возачи кои најмалку користат безбедносен појас.
РСБСП, исто така, предупредуваат дека младите возачи треба да внимаваат при управување со погрешен автомобил, бидејќи моќен автомобил со високи перформанси значи и поголем ризик да се подлегне на притисокот од околината, значи ризик за брзо и неодговорно учество во сообраќајот, значи ризик да се загуби контролата над автомобилот и контролата на самиот себе, а со тоа и да се загрози сопствениот живот или животот на некој друг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најавен студентски протест во Битола на „Млади за Македонија“: Во каква држава ќе живееме, од нас зависи!
-
Возачите на Балканот во паника: Пристига новиот радар со кој полицијата ќе може освен брзината, да детектира и дали зборувате на телефон!
-
Измените во законот стапија на сила: Лицата над 70 ќе треба да ја обновуваат возачката на три години
-
Измени на законот за возачите над 65 години во Македонија