Дваесет и четири годишно момче е повредено во престрелка меѓу две групи која во попладневните часови се случила во скопско Драчево.Според првичните неофицијални информации во инцидентот учествувале повеќе лица кои започнале тепачка кај поштата во Драчево користејќи ножеви и огнено оружје. По тепачката учесниците со два автомобили марка Фолксваген и Хјундаи побегнале од местото.
Неофицијално за нападот се сомничат две лица, извесен Г.Н од Скопје и уште едно лице кои се превезувале во Фолксвагенот. Автомобилот полицијата го пронашла во населбата Драчево а по лицата и другиот автомобил се уште се трага.
Повредениот е префрлен во болница но нема информации за неговата состојба.
Од МВР повеќе детали ќе соопштат по завршувањето на увидот.
Драчево неколку часа беше влокирано од возила на полиција и Брза Помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.