Вистински хорор ја потресе Македонија, откако 32-годишна тетовчанка пријавила дека била силувана во продавница. Во 06 часот вчера во Полициска станица Тетово, 32 годишна жена пријавила дека на 09.07 годинава во 22 часот и 30 минути на улицата “Илинденска” во Тетово, пред продавница за овошје, побарала запалка од вработениот Б.Ф.(31) од селото Мала Речица за да запали цигара, по што истиот ја повикал да влезе внатре за да ја земе.
Откако жената влегла внатре, Б.Ф. ја заклучил влезната врата и со закана со скалпел и нож се упатил кон неа, ја удрил во пределот на главата, по што таа паднала на подот и почнала да вика за помош. Потоа ја фатил за коса и почнал да ја влече по подот, нанесувајќи и повреди со ножот и скалпелот по телото, а потоа ја силувал.
На несреќната жена и била укажана лекарска помош во Клиничка Болница-Тетово, каде се констатирани телесни повреди по телото.
Извршен е увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст