Писмената декларација на ПС на Советот на Европа насловена „Заштита на угледот на македонската дипломатија“, која ја повикува Владата на Република Македонија да престане со неодговорното однесување и да не го блокира поставувањето на Александар Николоски за македонски амбасадор и шеф на мисијата при Европската унија, е подржана од вкупно 54 европски пратеници, издвојуваме дел од нив.
Декларацијата е потпишана од Џузепе Галати, пратеник од Демократската партија на Италија. Во рамки на Советот на Европа извршува низа функции од кои позначајни се членувањето во Мониторинг комитетот, а претседател е Комитетот за социјални работи, јавно здравје и одржлива средина.
Аморусо Франческо е пратеник во италијанскиот парламент. Во рамки на Советот на Европа имал активности во два мандати од 1996 до 2001 година и од 2013 се до денес. Тој е заменик-претседавач со Комитетот на социјални работи, јавно здравје и одржлива средина.
Бадеа Виорел е романски политичар и член на Сенатот во Романија.
Чентемеро Елена е пратеник од Италијанскиот парламент и потпретседател на Форца Италија. Во ПС на СЕ е претедател на Комиетот за еднаквост и недискриминација, како и на Поткомитетот за родова еднаквост и Поткомитетот за правата на малцинствата.
Жозе Цепеда е член на Сенатот на Кралството Шпанија од Социјалистичката партија и член на Групата на социјалисти во рамки на ПС на Советот на Европа.
Ценгер Залан Золт е пратеник во Националното собрание на Унгарија. Золт е прв потпретседател на Комитетот за миграции, бегалци и раселени лица и член на Мониторинг комитетот во ПС на Советот на Европа.
Дивин Серџио е пратеник од Италија и потпретседател на Комитетот за одбрана на италјанскиот парламент.
Еклс Дајана е член на британскиот парламент од владејачката Конзервативна партија на премиерот Тереза Меј. Во рамки на ПС на СЕ е член на Комитетот за култура, наука, образование и медиуми, Мониторинг комитетот и потпретседател на Поткомитетот за култура, разлики и наследство.
Гутиерез Антонио е сенатор во шпанскиот сенат од Социјалистичката партија на Шпанија, член на Групата на европските социјалисти. Тој е еден од највидните социјалисти и е потпретседател на ПС на Советот на Европа.
Херкел Андрес е пратеник од Естонија. Бил шеф на Делегацијата на Естонија во ПССЕ, а бил и потпретседател на ПС на Совет на Европа, како и на Мониторинг комитетот.
Хофман Роза е член на Парламентот на Унгарија и член на ФИДЕЗ. Една од највлијателните унгарски политичарки, била државен секретар во Министерството за образование.
Крос Ерик – Нилс е пратеник од Естонија и член на Алијансата на либерали и демократи во Европа. Исклучително влијателна фигура во Естонија, а бил и шеф на разузнавачката служба на Естонија.
Цезар Флорин Преда е повеќе од 13 години пратеник во ромнскиот парламент, како и потпретседател на владејачката Национална либерална партија, тој е исто така претседател на Мониторинг комитетот на ПС на Совет на Европа, одговорен за почитување на стандардите на Советот како и на обврските на земјите-членки, пред сѐ во делот на човековите права, демократијата, владеењето на правото, слободата на медиумите и слободните избори.
Мартин Полијачик е пратеник во словачкиот парламент од 2010 година, еден од највлијателните политичари во Словачката Република и член на најтесното раководство на Партијата на слобода и солидарност.
Андреа Ригони е 11 години пратеник во италијанскиот парламент од социјалдемократската Демократска партија на доскорешниот премиер на Италија Матео Ренци и актуелниот премиер Паоло Џентолини.
Елизабет Шнајдер Шнајдер е пратеник во швајцарскиот парламент од Христијанско-демократската народна партија на Швајцарија, најбројната партија во Советот на државата.
Ингјерд Шоу е пратеник во норвешкиот парламент вкупно 12 години, една од највлијателните политичарки во Норвешка. Била и министер за труд и социјала на Норвешка.
Андреј Ширчељ е пратеник во словенечкиот парламент. Во политичката кареира бил и генерален секретар на Владата на Словенија. Познат е економист и бил на бројни раководни позиции во банкарскиот сектор.
Серхиј Соболиев е еден од највлијателните украински политичари легенда на револуциите за отфрлање на комунизмот во деведесеттите, како и еден од водачите на портокаловата револуција. Пратеник е во украинскиот парламент од 1990 година и е координатор на пратеничката група на партијата на Баткивчина на поранешната премиерка Јулија Тимошенко.
Олена Сотник уште еден член на партиите кои ги донесоа промените во Украина, потпретседател е на Алијансата на либерали и демократи во Европа.
Володимир Ариев познат украински новинар и режисер, пратеник од партијата на претседателот Порошенко, шеф на Украинската делегација во ПС на Совет на Европа.
Егидијус Вариекис една од највлијателните фигури во литванското општество, политиколог и пратеник во повеќе парламентарни состави.
Стефан Веркамер е 10 годни пратеник во белгискиот парламент, доаѓа од едно од најпознатите семејства во Белгија, неговиот татко е градоначалник на градот Винкт, а брат му заменик-премиер на источна Фландрија.
Ан Мари Виролаинен е повеќе од 10 години пратеник во естонскиот парламент, како и потпретседател на Кокомус партијата од Естонија.
Андреј Војтила е еден од највлијателните полски политичари, пратеник во полскиот парламент, а бил и министер за здравство на Полска.
Волд Мортен е пратеник во норвешкиот парламент. Пред да се занимава со политика бил еден од најпознатите новинари во Норвешка.
Тобијас Зек е пратеник во германскиот Бундестаг и еден од водачите на владејачката Христијанско-социјална унија на Германија.
Фацоне Клаудио е член на Сенатот на Италија, член на Форца Италија и член на ЕПП.
Гамбаро Адел е член на Сенатот на Италија.
Гиро Франческо Марија е пратеник во италијанскиот сенат член на Форца Италија. Во рамки на ПС на СЕ има активности во рамки на Поткомитетот за култура, различности и наследство и Комитетот за култура, наука, образование и медиуми. Како член на италијанскиот сенат е именуван за потпретседател на италијанската парламентарна делегација во Советот на Европа.
Ингебјорг Годскенсен е пратеник во норвешкиот парламент и член на Прогресивната партија.
Писмената декларација за заштита на угледот на македонската дипломатија е потпишана и од многу други пратеници од вкупно 22 држави што укажува на големата поддршка и интерес која истата ја предизвика. Имено за ПС на Советот на Европа да објави писмена декларација потребно е да се потпишат најмалку 20 пратеници од најмалку 2 партиски групи и најмалку 4 држави. Декларацијата која повикува да не се блокира именувањето на Николоски за амбасадор во Европската Унија ја потпишаа 54 пратеници од 22 европски држави и од сите 5 партиски групи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст