| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се бара укинување на забраната за продажба на алкохол

Ќе се бара измена на Законот за трговија, со која се бара укинување забраната за продажба на алкохол по 19, односно 21 часот.

Иницијативата произлегува од барањата на компаниите од трговската и земјоделската дејност, кои сметаат дека во изминатите девет години откако е донесена забраната, не само што не ги постигнала саканите резултати, туку предизвикала и дополнителна штета, пред се кај консументите, а потоа и кај домашната индустрија и државата.

Ограничувањето на продажбата на алкохолни пијалаци во трговската мрежа го стимулираше производството и трговијата „на црно“, што нанесе директна штета на консументите, бидејќи нема контрола на квалитетот на алкохолните пијалаци, државата, како и домашната индустрија за пијалаци и легалните трговци кои мора да плаќаат огромни давачки, а се соочени со намалување на прометот.

Со воведувањето, пак, на лиценците за продажба на алкохол, над 5.500 трговски објекти во земјата од вкупно околу 13.000, се откажале од продажба на алкохол, со што драстично се намалил нивниот промет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top