| четврток, 6 декември 2018 |

Деверот ја претепал со тесла – скопјанка се бори за живот

Вистинска семејна драма се одвивала вчера околу 20 часот во селотоМирковци-Скопје, кога девер си ја претепал снаата со тесла. Поради нерасчистени имотни односи, 59-годишниот Б.П. со неколку удари со тесла во пределот на главата и нанел тешки телесни повреди на неговата снаа за брат, 54-годишната С.П.

Истата е пренесена во Клинички центар-Скопје и се наоѓа во животна опасност.

Б.П. е приведен во Полициска станица Кисела Вода, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top