Универзитетсниот професор Љубомир Цуцуловски ги коментира вестите што ги објавија некои медиуми дека помеѓу Македонија и Бугарија е постигнат компромис кој ќе ги подобрел меѓусоседските односи.
„Затоа, ред би било Владата на Република Македонија децидно да прецизира: 1) Каква била природата на лошите меѓусоседски односи, односно на кој план се манифестирала? 2) Да каже, без какво било заобиколување, што Република Македонија барала од Република Бугарија. Се разбира, и обратното – што Република Бугарија барала од Република Македонија, бидејќи за компромис станува збор само тогаш кога две страни прават одредени отстапки едната кон другата, затоа што имаат спротивставени барања и 3) Кои се македонските отстапки?“
Цуцуловски очекува да добие едноставни одговори на едноставните прашања, освен ако не се работи за тајна дипломатија.
„Меѓутоа, тајната дипломатија е непримерена за која било демократска власт, вклучувајќи ја и сегашнава“, заклучува Цуцуловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст