Париските власти синоќа беа принудени да затворат петнаесет метро станици во Париз, поради поплавите предизвикани од обилните дождови што го погодија главниот град на Франција.
Двочасовното невреме, го погоди Париз доцна синоќа, а метро станиците повторно беа отворени рано утрово и сообраќајот се одвива нормално.
Дождот продолжи да паѓа и утрово, а Француската метеоролошка служба објави „портокалово“ предупредување за поголемиот дел од Париз, бидејќи повторно се очекуваат обилни дождови
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.