| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте ако летувате на овој остров: 600 евра казна за шетање во бикини, 700 за пијанство на јавно место

Како што веќе најави, градоначалникот на Хвар Рикардо Новак им „објави војна“ на разузданите туристи на хрватскиот остров.

На влезот на Хвар вчераутро осамна нов знак со кој се предупредуваат туристите што ги очекува во случај на недолично однесување.

Ако шетате по улиците на Хвар по костим за капење ќе добиете казна од 600 евра, за жените по горен дел бикини и за мажите кои шетаат со голо торзо ќе следи казна од 500 евра, а ако лежите или се шетате по улица во пијана состојба или одите со отворено шише алкохол во раце ќе платите казна до 700 евра.

Новак неодамна ги искритикува британските туристи за недоличното однесување ни градот, како шетањето по бикини и пијанчењето по улици.

-Повраќаат низ град, уринираат покрај кафулињата, се шетаат без маици, спијат на јавни места, не знаат каде се наоѓаат, рече градоначалникот Новак во интервју за „Слободна Далмација“.

-Сѐ си има граници. Угостителите не би требало да примаат во локалите разголени гости и да не им точат алкохол ако гледаат дека веќе имаат испиено повеќе отколку што треба.

Тој додава дека не сака Хвар да стане исклучиво туристичка дестинација за журкање.

-Младите туристи се добредојдени, но ќе треба да научат како да се однесуваат. Заработка по секоја цена не е начинот на кој сакаме да го водиме туризмот на островот, истакнува Новак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top