– Ветуваа дополнителни часови евтина струја за граѓаните, а сега ни соопштија дека истите граѓани ќе си ја платат на ЕВН таа евтина струја преку парите од буџетот кои истите граѓани го полнат со даноците од платите и другите даноци.
– Ветуваа минимална плата од 16 илјади денари, сега ја сведоа на 12 000, но и тоа зголемување кое треба да го направат газдите на фирмите ќе им се плаќа 6 плус 6 месеци од парите од сите граѓани од буџетот, со што само потврдуваат дека давале нереални ветувања од некомпетентни луѓе. А што после 6 односно 12 месеци? Нема пари, нема музика. Кога ќе секнат буџетските дотации за минимална плата, на еден или друг начин газдите ќе си се снајдат, се разбира на грбот на работниците. Ама приказната на Заев е купи ден продај. 6 месеци или 12 да се купат, па после што ќе биде нека биде. После пак Груевски ќе им е виновен – ја искоментира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски работата на Зоран Заев и неговото неисполнување на ветеното од изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.