– Се заплеткаа еден пожар не можат да изгаснат 40 дена, тука кај Струга. Македонците и Албанците од Струга, наместо живот – се затруја, добија воздух од чадот на сметот и ѓубрето. Ни СДСМ само, ни сосе Села и Мерко заедно. Но, важно е дека Села ќе размислел дали во влада ќе остане ако не се донесел законот за јазиците. И треба ние во несвест да паднеме, демек Села ќе напуштел влада. Тоа што пола Струга е загушена во чад, тоа не е важно, важно е драма што прават, истакна Грувески во своето денешно обраќање на годишнината на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
– Јас се кладам дека Села нема ни ронка храброст да излезе од владата. Се кладам јавно. Туку треба само пред гласачите да се испере зошто закон за јазици нема да има до локалните избори, а тој се уште е во влада. Во влада е зошто му е така удобно, и заборави на потребите на Албанците, на реалните потреби на Албанците. Па ќе гледаме како ќе се убедуваат, уверуваат, па драма малку, и на крај ќе излезе Села и ќе каже ме увери Заев дека наскоро или по изборите ќе се донесе законот.И сега затоа ќе треба албанците да гласаат за нивната коалиција. Со исто ветување, две избори да превеслаат – изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии