| четврток, 6 декември 2018 |

250.000 евра европски кредити за 1.000 компании и 5.000 работни места

банкари во скопјеИлјада македонски компании добиле поддршка преку евтината кредитна линија од Европската инвестициска банка, што ја обезбеди Владата, истакна министерот за финансии Зоран Ставревски. Со кредитирањето од 250 милиони евра преку македонските банки за малите и средни претпријатија, се поддржа македонската економија во услови на криза и притоа се создадоа 5.000 работни места.

Според Ставревски, банките се ликвидни, но кредитната активност сè уште не е доволна.

За неа, гувернерот на НБРМ Димитар Богов се согласи дека треба да биде повисока, па додава дека кредитната активност до крајот на годината е определена на седум проценти. Во тој прилог се и резултатите на македонската економија во првиот квартал, што би требало да биде момент што банките ќе го препознаат и ќе ја поддржат  економијата.

Ставревски и Богов го отворија состанокот во Македонија на Европската банкарска федерација.

За кредитите од Европската инвестициска банка, преку Македонската банка за поддршка на развојот, се плаќа субвенционирана камата од 5,5 проценти со рок за отплата од осум години и со грејс-период од две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top