Откако еден од главните соработници на новата Влада, кој меѓу првите беше примен од министрите на СДС, Боки 13, објави дека сакал да посвои три деца, ЛГБТ сајтот „Queer.mk“ во слична насока почна со платена кампања и реклами во Македонија со наслов и порака дека премиерот и лидер на СДС, Зоран Заев е отворен за дебата за легализација на хомосексуалните бракови, што значи и посвојување на мали деца од хомосексуални двојки.
Изминативе денови одеше и платена кампања и реклама низ цела Македонија преку платени огласи на Фејсбук, а се работеше за веста за отвореноста на Зоран Заев кон дебата и прифаќање на легализација на хомосексуалните бракови, кои после тоа ќе можат да посвојуваат мали деца.
Пратеничката Туфегџиќ од СДСМ : Хомосексуалците треба да посвојуваат мали деца во Македонија и да стапуваат во хомосексуални бракови
Пратеничката Ивана Туфегџиќ која е дел од владејачкото мнозинство и стана пратеник како кандидат на СДСМ, во вчерашното гостување на Топ Тема на Телма телевизија, изјави дека хомосексуалците треба да склучуваат бракови и да посвојуваат деца.
Имено, на прашање на дали треба да има истополови бракови во Република Македонија, таа изјави дека смета треба да има хомосексуални бракови.
Исто така, на прашањето дали смета дека хомосексуалните двојки треба да посвојуваат деца, пратеничката Ивана Туфегџиќ од СДСМ истакна дека гледа позитивно на сите прашања кои што се отворени за ЛГБТ заедницата, согласувајќи се дека хомосексуалците треба да посвојуваат мали деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.