| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија не мирува – започна генерален штрајк

Словенија е парализирана од генерален штрајк. Од утрово не работат училиштата и градинките, а на штрајкувачите им се приклучија и вработените во јавниот сектор. Причина е за пет проценти пониската плата, предвидена во буџетот за годинава.

Здравствените установи работат според викенд смени и се примаат само итни случаи. Штрајкуваат и пожарникарите, јавната администрација, полицијата и царината.

Само вработените во 18 училишта и градинки се изјасниле дека нема да штрајкуваат. На штрајкувачите од јавниот сектор им се приклучиле и 14.000 вработени во металната и во електроиндустријата кои бараат зголемување на основната плата.

Според синдикатите, владата на Јанша упорно ги одбивала нивните предлози за ублажување на последиците од финансиската.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top