| четврток, 6 декември 2018 |

Ексминистерот од СДСМ Малески: Дали откако Заев ќе го добие она што го сака од МАНУ ќе ја фрли МАНУ на буниште?

Денко Малески, поранешен министер за надворешни работи од редовите на СДСМ и познат просдсмовски колумнист, во својата најнова колумна „ МАНУ и успешната македонска приказна“ пишува дека МАНУ како институција е скапана, со скапана политичка и правна мисла, институција во која нема прогресивни идеи и која е без никакво влијание во општеството, која има само престижен наслов, чија поддршка власта на Заев ја бара само за да ја легитимира својата моќ, односно дека тоа било игра за СДСМ во која тие ништо не жртвуваат, туку само земаат.

„Политичката и правната мисла, она малку што ја има во таа институција, е скапана. Буквално скапана. Што се однесува до историската мисла, мислам дека можам мериторно да констатирам дека мислата на Мисирков од пред стотина и повеќе години, е попрогресивна од онаа на неговите современи интерпретатори во таа институција“ пишува Малески во својата колумна.

Според Малески МАНУ нема никаков капацитет и влијание врз општеството. „Ќе си дозволам да речам дека јас имам поголемо влијание врз македонското општеството од целото одделение за општествени науки на МАНУ! Или можеби од целата МАНУ?! Зарем е тоа нормално?“ пишува Малески.

Според Малески новата власт на Заев во МАНУ само гледа плен во престижното име на институцијата, која само треба да и даде легитимитет на новата власт.

Ова сега е чиста политика, една поинаква игра која добро ја знаат двете страни седнати на масата во МАНУ. Всушност, тоа е најлесната игра на светот во која ништо не се жртвува, туку само се зема. Новата власт ја бара поддршката на институцијата со престижен наслов, за да ја легитимира својата моќ. И ќе ја добие, заедно со скапаната политичка и правна мисла.

Имено во врска со МАНУ и нејзината улога во општеството зборуваше и директорот на Бугарскиот Национален Историски Институт, Божидар Димитров, кој во едно телевизиско гостување во Бугарија од пред една седница рече дека МАНУ не смее да има став во однос на две точки од договорот за добрососедство, затоа што знаат дека ако му се спротистават на Заев ќе ги избрка од работа.

Според Димитров луѓето во МАНУ се луѓе кои работат по принципот „дај пари ќе се пишам Бугарин“.

Дали откако Заев ќе го добие она што го сака од МАНУ ќе ја фрли МАНУ на буниште? Останува да видиме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top