| четврток, 6 декември 2018 |

Хејли: Сите знаат а знае и Трамп- Русија се мешаше во изборите

Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли изјави дека Русија се мешала во изборите во САД и ширум светот. Додава дека тоа го знаат сите и покрај одбивањето на претседателот Доналд Трамп тоа да го каже.

Трамп на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин во Хамбург „сакал да го погледне во очи и да му даде на знаење дека ние знаеме дека сте се мешале во нашите избори. Сите знаат дека Русија се мешаше во нашите избори“, оценува Хејли за СиЕнЕн.

Тие тоа, како тврди, го прават и на други континенти и тоа на начин на кој сакаат да предизвикаат хаос во тие земји.

-И тоа не го тврдиме само ние. Мислам дека ќе слушнете и други лидери да го велат тоа- додава амбасадорката.

За Хејли очекуван е рускиот демант.

-Така Русија се обидува да го сочува образот. А не може. Не може- децидно повторува Хејли.

На прашање со какви конкретни санкции би можела Москва да се соочи, сепак таа ја префрла топката- „Ќе мора да го прашате претседателот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top