Рускиот претседател Владимир Путин вели дека Доналд Трамп,е целосно поинаков во живо отколку на телевизија , додавајќи дека на американскиот претседател детално му објаснил дека Москва не се мешала во претседатлските избори.
По средбата со Трамп, Путин смета дека постои основа да се реализира барем делумна соработка со Вашингтон, а била договорена соработка на полето на кибернетската безбедност.
Путин нагласува дека настојувал да му даде на Трамп многу детален одговор на неговите прашања за минатите претседателски избори во САД и дека Трамп делувал задоволно.
Рускиот претседател посочи дека МОсква го поздравува чекорот на САД да постави нов претставник за решавање на украинската криза по завршување на Самитот на Г20. Во петокот државниот секретар Рекс Тилерсон посочи дека тоа ќе биде поранешниот амбасадор на САД во НАТО, Курт Вокер.
Најден е и „оптимален“ компромис по прашањата за климатските промени заради кои Трамп се оддели од другите светски лидери, посочи Путин.
-Една од важните теми беа климатските промени. И тука германското претседателство успеа да најде оптимален компромис- наведе Путин.
Лидерите на земјите од Групата 20 (Г20) денеска договорија „компромисно“ соопштение од Самитот кое зема предвид повлекување на САД од ПАрискиот климатски договор.
Францускиот претседател Емануел Макрон најави нов самит за климатските промени за 12 декември, на двегодишнината од потпишувањето на Парискиот климатски договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.