| четврток, 6 декември 2018 |

Што крие Заев од македонската јавност: Во Бугарија веќе се дискутира за содржината на Договорот

Додека Заев и неговите соработници ја кријат содржината на договорот со Бугарија која што ветува дека ќе  го потпише наскоро, во Софија за него веќе се дискутира. Заев вели дека договорот пред јавноста ќе го објавел само неколку дена пред да биде потпишан, иако во јавноста на големо се стравува од неговата содржина, односно од нагласените црвени линии на Бугарија за непостоење на македонски јазик, непостоење на македонска историја и негирање на македонско малцинство во Бугарија. Во Софија за тоа време започната е процедура за оценување на договорот.

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, иницирала разгледување и оценка на договорот во „Комисијата за надворешна политика“ и по нејзино писмо, адресирано до претседателот на Комисијата Џема Грозданова, договорот е ставен во тајна постапка заведен во деловодникот на Народното Собрание на 3 јули, понеделник, во попладневните часови, објавија бугарските медиуми од партијата ГЕРБ.

Политичката партија ГЕРБ, во соопштение пратено до медиумите по повод писмото пратено до Премиерот Борисов од претседателот на БСП Корнелија Нинова, во врска со договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија и нејзиното тврдење, дека таа неможе да се запознае со содржината на договорот, затоа што тој не им е доставен на народните избраници и дека има потреба од негова оценка во Народното Собрание, пренесува БГНЕС.

Во соопштението се посочува дека уште на 4 јули народните избраници во Комисијата беа информирани, дека можат да се запознаат со пречистениот текст пред заседавањето на Комисијата на 5 јули.

Нацрт договорот е достапен за секој пратеник во тајното деловодство на Народното Собрание.

Членовите на Комисијата го ислушаа министерот за надворешни работи за досега постигнатото и дадоа мислења и предлози по однос на текстот.

Договорот достигнал крајна фаза, фактички таков договор се подготвува од 2008 година, кога е потпишан Меморандум за соработка помеѓу двете држави по прашањата поврзани со европската интеграција. Сите Влади и министри за надворешни работи работеа на договорот.

Претстои последниот 12 круг на преговори, по што се очекува финализирање на текстот. Со финалната варијанта на договорот Парламентот ќе биде запознаен по завршувањето на преговорите, на седница на Комисијата за надворешни работи. Важно е да се напомене дека не се очекува промена на текстот на договорот, затоа што тоа е долг процес на договарање на двете страни на ниво на извршна власт, посочуваат од ГЕРБ.

„ Целта на Владата е да го финализира текстот и да пристапи кон потпишување на договорот, ние не отстапуваме од бугарските предлози. Потоа следува ратификација од двата парламенти, како можност за оценка на договорот од страна на Народното Собрание. Возможно е тој долг процес да заврши пред бугарското претседателство со Советот на ЕУ, за кое сите партии во Народното Собрание сме согласни да се стави специјален фокус врз европската перспектива на Западен Балкан и улогата на Бугарија во регионот ни дава основа да веруваме, дека ќе дојдеме до согласност и ќе успееме да и помогнеме на Македонија на нејзиниот пат кон НАТО и ЕУ“, велат од ГЕРБ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top