Дали шармот е навистина она што најмногу ги привлекува другите луѓе или сепак има нешто повеќе од тоа? Секој е секси на свој начин, некој плени со изгледот, некој со говорот, а некој со своето однесување. Погледнете со која особина според хороскопскиот знак го шармирате до бесвест спротивниот пол.
Овен
Вашиот знак го симболизира богот на војната, затоа не е чудно што сте јаки, сигурни и секогаш го добивате она што го сакате. На некои луѓе како афродизијак делува вашата самостојност и независност, но ништо помалку не е значајно тоа што сте вистински борец во душата, упорни, истрајни и спремни да ја остварите својата цел по секоја цена.
Бик
Зборливи и дружељубиви, не е возможно да останете незабележани. Секогаш сте во центарот на вниманието, без разлика дали поради вашите теми за разговор или пак, вашата суптилна природа. Секој кој ќе се најде во ваша близина посакува да има дел од вас само за себе, а вие за возврат на секој од нив му посветувате внимание за да се почувствува посебно.
Близнаци
Родените во овој знак умеат да бидат прилично срамежливи и резервирани, но баш поради тоа останатите не можат да им одолеат. Интригирате со вашата воздржаност, скромност и желбата да не им се отворите премногу на другите. Така постигате ефект луѓето да ве посакуваат уште повеќе. Сепак, понекогаш е многу повеќе интересно да откривате слој по слој отколку сe одеднаш.
Рак
Кој може да ѝ одолее на личноста која зрачи со топлина и нежност? Вие напросто мамите со своите доблести, па затоа не е чудно што луѓето се туркаат за да бидат во ваша близина. Благата природа е додатен бонус на која не може да ѝ кажат „не“ ниту нечувствителните.
Лав
Вашата моќ лежи во довербата и сигурноста со која зрачите. Во секоја ситуација преземате одговорност и оддавате впечаток на личност на која секој може да ѝ го довери својот живот во раце. И како тоа може да помине незабележано? Покрај тоа, вие секогаш доминирате, го преземате првиот чекор и со целокупната своја личност ја подигате температурата во просторијата каде што сте.
Девица
Вашиот уметнички ум во комбинација со зборливоста е убиствен. Можете да бидете закопчани до грло, но кога ќе започнете да зборувате, вашите зборови на другите влијаат како хипноза. Мајстор сте да го одвлечете секого во кревет само врз основа на она што го зборувате и нема личност која може да ви каже „не“.
Вага
Вашиот знак важи за најпосакуван во целиот Зодијак. Од вас просто блеска шарм, убавина и добрина, па не е чудно што обичните смртници би ја продале својата душа за да ви се приближат. Кога ќе се појавите, тие не знаат каде најпрво да ве погледнат, па ве скенираат од глава до пети, па потоа од почеток започнуваат да шараат со погледот по вас.
Скорпија
Толку сте храбри и страсни што апсолутно никој не може да се воздржи да не падне во вашиот вртлог. Енергијата која ја емитувате е фатална за секој кој ќе се најде во ваша близина, бидејќи се шири како зараза. Кога се користи изразот „секс на две нозе“, тогаш луѓето опишуваат некој припадник на вашиот знак.
Стрелец
Иако важат за најсреќен хороскопски знак, далеку од тоа дека вие само седите и чекате да ви се посреќи. Вашата спонтаност е она што најмногу ги возбудува другите луѓе, бидејќи секогаш сте тука за да испробате нови работи, не се плашите да ризикувате и генерално сте бестрашни.
Јарец
Вашата луцидност и изразена духовитост се она што ги тера другите да „одлепат“ по вас. Ако можеме да ја споредиме смеата со алкохол, можеме да кажеме дека една ваша шега е еднаква на два пијалака, а вие имате толку духовитост и шеги во себе, па не е чудно што луѓето се „пијани“ од вас штом се во ваше друштво подолго од 15 минути.
Водолија
Премногу сте корисни и знаете како да укажете внимание на секого. Припаѓате на оние личности за кои се вели дека се слатки, но не поради надворешниот изглед туку поради однесувањето и таа сладост е навистина секси. Знаете да ја кажете вистинската работа во секој момент и да ги притиснете вистинските копчиња во умот на другите за да ве посакаат.
Риби
Мрачни сте и таинствени, па не е чудно зошто сте им толку привлечни на луѓето. Понекогаш вашата резервираност прави да изгледате како вистински осаменик и уште повеќе ги привлекува другите. Тоа е и логично, бидејќи темнината отсекогаш била повозбудлива од светлината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.