| четврток, 6 декември 2018 |

Долго не се огласуваше-поранешната жена на Лукас ја објави оваа фотографија и предизвика лавина коментари

Таман кога сите помислија дека Аца Лукас рекол се што има за разводот и таман кога јавноста се навикна на фактот дека поранешната  госпоѓа Вуксановиќ уште долго ќе остане недостапна за коментар, се случи пресврт.

Имено, како по некое непишано правило, Соња тогаш се огласува и предизвикува лавина коментари. Така беше и овојпат кога објави фотографија од едно ноќно излегување.

Облечена во бело, со таинствена насмевка, Соња позира како да нема ниту една грижа. Сепак она што паѓа во очи е тоа што на Инстаграм, таа се уште го има презимето на Лукас. Прашањето е зошто?Дали не го забележала, дали немала време да го смени, или пак е свесна дека токму тоа презиме и донесе популарност. Времето ќе покаже која е вистинската причина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top