Албанците одлучија на свој грб да го искусат Зоран Заев, но времето ќе покаже дали донеле добра одлука, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој гостуваше во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.
ВМРО-ДПМНЕ градеше и привлекуваше инвестиции кои го подобруваат животот на сите граѓани на Македонија. Oдредени фактори се обидуваа да изградат слика дека ВМРО-ДПМНЕ има нешто против Албанците, но ние работевме за доброто на сите граѓани, вели Груевски.
Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ има план да се врати на власт и тоа и ќе го оствари.
-ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за соочување на избори. Во парламентот се бориме со идеи. ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори, подготвени сме за изборно соочување во било кој момент, изјави Груевски.
Новата Влада се занимава со укинување на старите реформи заради популизам пред граѓаните, а досега немаат направено свои. Нема ништо сериозно со кое можат да се пофалат, истакна Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст