СДСМ сака да го ослабне ВМРО-ДПМНЕ, и сакаат преку СЈО да внесат сомнеж кај граѓаните за чесноста на ВМРО-ДПМНЕ, вели , смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој вечерва гостува во „Отвореното студио“ на ТВ НОВА.
-Тие не знаат да ја добијат довербата на граѓаните со реализација на проекти, одат на ослабнување на противниот. Не претрупаа со обвиненија за да губиме време, со цел да внесат сомнеж кај граѓаните за чесноста на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ кога владее, владее со притисоци и политички прогони. Го гледавме во 2012 годинина, а го гледаме и сега, изјави Груевки.
Новата Влада функционира без концепт, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
-Иако прекус прериод е да се даде генерална оценка за работата на новата Влада, но се забележува дека Владата на Зоран Заев работи функционира без концепт, прават празни прес-конференции, имаа многу ветувања, но нема реализација, вели Груевски.
Според него, иако Зоран Заев многу ветувал, нема реализација на дадените ветувања.
-Во ВМРО-ДПМНЕ се работи во полна пареа, ќе се трудиме, ВМРО-ДПМНЕ е структуирана за да работи на доброто на државата, вели Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


