| четврток, 6 декември 2018 |

Кога Владиката Наум вози глисер неговото духовно чедо Заев молчи (Фото)

Со дрва и камења удрија по митрополитот Г.Г. Стефан оти некој напишал дека наводно монасите од Калишкиот манастир добиле на подарок глисер и часови за негово управување, без потврда и без докази. Иако МПЦ ја демантираше веста никој не запира. Но, кога на тие кои удираат по црквата ќе им погрешат милуваните од нив нема ниту збор. Владиката струмички Г.Наум кој лично управува глисер не се огрешил, но дали затоа што неговото духовно чедо Зоран Заев сега е претседател на владата. Или сега нема кој да им издаде наредба на соросоидите да го преземат нападот против него. Фотографијата е доказ дека духовниот отец на лидерот на СДСМ знае да ужива и во водата и во пловните објекти, а најдобро тоа сам го прави. Или молкот е поради тоа што тој е спремен да го продаде идентитетот?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top