Продолжуваат панел дискукиите кои ВМРО-ДПМНЕ ги организира и ја анализира работата и ветувањата кои СДСМ ги даде во предизборниот период. Денеска Влатко Ѓорчев на панел дискусија: „Укинување на Радиодифузна такса, 16 000 денари минимална плата, опозицијата предлага јавен обвинител“ кажа дека гледаме една траекторија на нереализирани ветувања и ветувања кои што се дадени од СДСМ, од кои што се ретерира. Тој напомена дека едно од ветувањата е минималната плата.
-Таму ветувањето беше јасно и недвосмислено, граѓаните на Република Македонија, оние кои што имаат минимална плата, ќе имаат минимална плата од 16.000 денари. Зоран Заев, не само тој, Радмила Шеќеринска и останатите првенци, сите нивни кандидати за пратеници во сите локални средини, од Берово до Дебар и од Гевгелија до Скопје, го даваа тоа ветување, значи 16.000 денари минимална плата. СДСМ имаше дадено и една фуснота, дека минимумот ќе биде 12.000 денари од првиот ден, гледаме дека тоа не се случува, изјави Ѓорчев.
Тој кажа дека работа која се пошироко се констатира од граѓаните на Република Македонија е дека во делот за минималната плата тие се измамени. Тој напомена дека втората работа во која што исто треба да се разобличи СДСМ е делот со радиодифузната такса.
-До доаѓањето на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ финансирањето на МРТ беше од буџетот на Република Македонија. Мораше да се спроведат реформи, бидејќи главната порака од нив беше дека мора да има независност на МРТ и дека таа независност, првенствено треба да произлезе од независното финансирање на МРТ. Значи меѓународните институции порачаа дека финансирањето на јавниот сервис треба да биде преку радиодифузната такса. Бидејќи Владата за евроатлантските интеграции, постапи по таа препорака и го воведе плаќањето на радиодифузната такса, на сугестија на меѓународните институции, изјави Ѓорчев.
Ѓорчев кажа дека Зоран Заев сакајќи да им „угоди“ на граѓаните кажувајќи дека ништо не треба да се плаќа, најави и кажа дека нема да има плаќање од првиот ден. Тој потсети дека од сите луѓе на СДСМ беше кажувано дека доколку тие се на власт, Заев е премиер, тие министри дека нема да има плаќање на радиодифузната такса.
-Гледаме дека добри месец и пол тера новата Влада, наскоро ќе бидат два, после тоа три, после 4, радиодифузната такса не е укината. Не само што не е укината, туку и предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, заеднички како пратеници го поднесовме пред некој ден, потсетувајќи го СДСМ на нивните ветувања, не само за радиодифузната такса, туку и цела низа ветувања кон сите, тие кои што до вчера ветуваа укинување, да го одбијат, изјави Ѓорчев.
Тој спомена и за барањето на луѓето од врвот на СДСМ за бирањето на јавниот обвинител, дека тој треба да биде биран од опозицијата.
-ВМРО-ДПМНЕ сега е опозиција нема ништо во делот за изборот. Го ветуваат, велат за две години, заборавајќи дека тие две години веќе имаат свое обвинителство, обвинителство кое на обвинителна клупа стави цела една група од ВМРО-ДПМНЕ, најцрната епизода ја видовме минатата недела. Во тој дел за СДСМ важи онаа максима, едно зборуваат кога се во опозиција, друго кога се на власт, ништо не реализираат и ништо не прават. Тоа е една траекторија која трае многу време наназад, но сега е освежена минативе неколку недели, изјави Ѓорчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст