Бугарската шефица на дипломатијата Екатерина Захариева ги објави црвените линии преку кои Софија нема да премине за потпишување на Договорот за добрососедство. Според неа, Софија направила компромис во врска со јазикот уште во 1999 година со клаузула која и сега се предлага, „на бугарски согласно Уставот и на македонски, согласно Уставот на Република Македонија“.
Таа повторно нагласи дека поклонувањето на Заев пред споменикот на Цар Самоил во Софија и поканата кон Борисов заедно да се прослави Илинденското востание „тоа се сепак први чекори. Потребни се многу повеќе”
Сепак, Захариева категорично нагласува „Бугарија нема каде повеќе да прави компромис од компромисот, кој има направено 1999 година“ посочувајќи ги притоа деловите кои се однесуваат на историјата и откажувањето од Македонците во Бугарија, што го сметаат како „претензии“.
“Текстот во однос на заедничката историја беше претставен и тоа е една од другите црвени линии. Третата е пак текст од декларацијата од 1999 година за воздржување и ништо од Уставот на Македонија не може да биде искористено за претензии од нејзина страна за малцинства во Бугарија и заштита на правата на лица кои не се нејзини државјани. Нема што повеќе да додадам на оваа тема. Голем број влади работеа и многу важно е, не само конкретното потпишување што несомнено е исклучително важно, бидејќи тоа е знак дали тие навистина сакаат да го променат својот став “, изјави Захариева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.