| четврток, 6 декември 2018 |

Момче загинало при пад од мопед

16-годишно момче од Неготино загинало синоќа во сообраќајна незгода.

Момчето (В. Т.) од с. Војшанци управувајќи мопед „Херк“ без регистарски број, паднало на патот, при што се здобило со тешки телесни повреди.

На повредениот му била пружена итна медицинска помош, по што бил пратен во Општата болница Кавадарци, каде што им подлегнал на повредите, информираат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top