„Ало Влада“, „Не играjте си со достоинството на наставниците“, „Нема развој без образование“ – дел од транспарентите на денешниот протест пред општина Боговиње, во организација на Синдикатот за образование и научни работници за да го изразат своето незадоволство од донцнењето со изборот на нов шеф на општината. Тие, исто така, уште еднаш до повторија својот став дека советниците треба да ја остават на страна политичката омраза, а во меѓувреме побараа помош од Владата за да го решат проблемот.
“Политичкиот ќорсокак ни предизвика сериозно проблеми на нас наставниците, општинската администрација и училиштата поради неисплаќањето на платите. Во согласност со статутот и прописите на СОНК, колектиовниот договор инкорпориран во Законот за основно, средно и високо образование и социјална политока, подразбира дека ќе ги превземеме сите мерки, како протести, блокирање на патиштата и локалните институции, судски санкции се до исполнување на нашите легитимни права. Апелирам до Владата итно да превземат мерки за решавање на ситуацијата – рече Теута Сејфулаи, претседател на Сонк.
Наставниците се револтирани, и бараат од советниците да ја оставан на страна политичката омраза.
“На сите овие работници во образованието им се блокирани процесите за осигурување и секојдневно од џеб си ги плаќаат здравствените услуги. Пред два дена имав случај, каде што мој наставник за коронографија во тетовската болница плати 1800 евра. Вчера еден друг приватно купи 3800 денари лекарства кои редовно ги користи – рече еден наставник.
Ние сите знаеме дека овие кои што се позади нас се избрани од самите нас и да не заборават дека наскоро ќе имаме локални избори, така што нека размислат како тоа ќе бидат за нив. Затоа дојдовме тука да бидеме сите заедно и имате поддршка од сите членови на СОНК“ – рече друг учител.
Протестите се очекува да продолжат и во наредните денови, додека пак, ако проблемот не се реши брзо, постои можност за нивна радикализација.
пред еден ден советот на општина Боговиње, по втор пат не успеа да избере извршител за должноста градоначалник, причината, политички гнев меѓу советниците. Во текот на денос се очекува ново известување за одржување на седницата на советот на општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст