Повеќе од милион луѓе годишно умираат поради загадувањето на воздухот во Кина. Поради тоа, оваа земја со иновативни решенија се бори против загадувањето, а еден од начините е изградбата на „шумскиот град“ на југот на Кина, кој го осмислил италијанскиот архитект Стефано Боери.
Тој планира во новоизградената метропола, на фасадите, балконите и на крововите, но и на секоја можна површина да бидат засадени милион растенија од различен вид и 40 илјади стебла. Кога ќе биде изградено, дрвата и зеленилото ќе апсорбираат скоро 10 илјади тони јаглероден диоксид годиншно и ќе проиведат близу 900 тона кислород годишно.
Изградбата на зелениот град во Лиузхо е во тек, а планирано е тој да биде завршен до 2020 година и во него да живеат 30 илјади жители.
„Шумскиот град“ се простира на 432 хектари земја. Планирано е во него да бидат изградени училишта и болници и да биде поврзан со постечката железница во Лиузхо. Се планира и изградба на геотермални и соларни извори така што градот би имал самоодржил извор на енергија.
Ако овој проект биде успешен, може да биде нацрт за другите земји кои исто така имаат проблем со загадување на воздухот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.