Во рамки на Битолското културно лето „БитФест“ синоќа во Центар за култура беше промовиран документарен филм „Битола низ моите очи“, посветен на техничките и информатичките ресурси во овој град, чиј автор е новинарката Анета Шијакова.
Во филмот акцентирани се кадровските технички и информатички ресурси на Битола, како можност за кариерен развој на младиот човек.
– Истражувањето направено за потребите на документарниот филм покажа дека техничките и информатичките науки се најголема шанса за младиот човек во Битола да дојде до работно место. Предноста на Битола е во постоењето на Техничкиот факултет, со традиција долга над половина век, како и во новоформираниот Факултет за информатички и комуникациски технологии, како извори за квалификуван кадар во двете области, а искуствата покажуваат дека токму овие кадри имаат предност на пазарот на трудот, посочи авторката на филмот Шијакова.
Низ експертизата на факултетите од областа на техничките и информатичките науки на Битолскиот универзитет „Св.Климент Охридски“, Универзитетската библиотека во Битола, Македонското-научно друштво-Битола, стопански субјекти, локалната самоуправа, како и невладиниот сектор, филмскиот наратив пренесува порака дека до работно место најлесно се доаѓа со информатички и технички науки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст