| четврток, 6 декември 2018 |

Марка објавува: Мбапе е играч на Реал Мадрид!

Францускиот напаѓач Килиан Мбапе својата кариера ја продолжува во Реал Мадрид, тврди шпанска „Марка“.

Мбапе, иако до неодамна беше непознаница за голем број фудбалски фанови, со своите игри изминатава година привлече бројни европски гиганти. Сега, по бројните шпекулации, „Марка“ тврди дека Мбапе е нов фудбалер на „кралскиот клуб“.

Шпанскиот весник објави утрово дека Мбапе веќе постигнал договор со Реал за идна шестгодишна соработка, а фудбалерот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе заработува шест до седум милиони евра годишно.

Мбапе заедно со своето семејство веќе се во Мадрид, го посетиле наводно и тренинг комплексот на Реал, а имале средба и со претседателот Флорентино Перез и тренерот Зинедин Зидан. Останува уште Реал да ги заврши формалностите околу договорот со Монако, а тоа зависи и од продажбата на Алваро Морато. Како и да е, пишува „Марка“, Мбапе набрзо треба да го облече дресот на Реал Мадрид!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top