| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Путин – Трамп во Хамбург

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, денеска ќе се сретнат на Самитот на Г-20 во Хамбург. Според шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, Москва уште во април доставила предлог теми за средбата меѓу Путин и Трамп.

– Русија очекува реакција од САД, посочи Лавров.

Тој додаде дека Москва побарала од Вашингтон информации и по вчерашната изјава на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон за зоната за забранети летови во Сирија.

– Намерата на Вашингтон да соработува со Москва во решавање на сириската криза е чекор во права насока, посочи Лавров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top