Би сакал да ги демантирам информациите во јавноста и написите во одредени медиуми под контрола на власта, за наводно блокирање и опструкции на референдумот со мое непотпишување на одлуката за негово одржување, напиша градоначалникот на општина Дојран Борче Стамов, на својот Фејсбук профил.
„Референдум во Дојран ќе има, а ОИК ги прави сите подготовките и законски процедури за негово одржување на 23 јули. Се друго од ова, е груба манипулацијa, замајување на јавноста, и обид за собирање ситни политички поени за претстојните локални избори.
Ниту јас, ниту било кој друг градоначалник од регионот, ниту пак партијата на која припаѓам ВМРО-ДПМНЕ се против одржување на референдум. Единствено имаме проблем, кога се манипулира со референдумското прашање, односно кога се инсистира тоа да биде надвор од надлежностите на локалната самоуправа.
Таков беше случајот со дополнителното второ прашање во Дојран иако претходно Советот со консензус донесе одлука да се оди со едно сеопфатно прашање, иако добро беа запознати со мојот став, но сепак решија да го исполитизираат и дојранскиот референдум.
Дали сум бил во право или не, ќе покаже времето и Уставниот суд, до каде поднесов Иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуки донесени од Советот на Општина Дојран.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст