Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Џордан Теодор утрово пристигна на аеродромот „Александар Велики“ и веднаш во текот на денот ќе се приклучи на подготовките на сениорската репрезентација за предквалификациите за следното Светско првентво.
Американецот дојде насмеан и возбуден и е последниот кој ќе се приклучи кон тимот кој се подготвува во Маврово. Селекторот Јорданчо Давитков со нетрпение го очекува, а можеби како шлаг на тортата ќе дојде и потврда за враќање во националниот тим на Перо Антиќ.
Теодор е МВП на штотуку завршената Лига на шампиони на ФИБА. Тој има 27 години и настапува за Банвит, а во својата кариера го носеше дресот и на Фрапорт Скајлајнерс и Мерсин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.