| четврток, 6 декември 2018 |

Мицевски: Земјоделците го препознаа концептот на ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со панел дискусиите. Денеска се зборуваше за бенефитите кои земјоделците ги имале од минатата власт. На панел дискусијата „ВМРО-ДПМНЕ го унапредуваше земјоделието, СДСМ го уназадува“, говореше и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Никола Мицевски говореше дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот кога дојде на власт беше нарекувана земјоделска влада, но напомена дека знаејќи ја нивната катастрофална состојба после транзицијата донесе сет-мерки кои ќе го подобрат животот на земјоделците во Македонија.

-Во наредните 11 години исплатени се повеќе од 800-900 милиони евра субвенции и последната година дојдовме до 140 милиони евра исплатени во аграрот, кои земјоделците ги искористија за развивање на својата работа. Овие мерки придонесоа да се подобри земјоделското производство, да се обнови механизацијата, подобрување на животот на земјоделците, како и отварање на правни субјекти за земјоделие, изјави Мицевски.

Тој кажа дека секои промени донесени од минатата власт биле донесени по директна комуникација со земјоделците и нивните барања за подобрување на работата.

-Концептот кој ВМРО-ДПМНЕ го имаше за земјоделците, тие го препознаа и неслучајно ВМРО-ДПМНЕ имаше голема поддршка од земјоделците, изјави Мицевски.

Тој кажа и дека поради лош договор кој бил потпишан со Светскта банка во 2005 година, ВМРО-ДПМНЕ не можел да менува одредени закони во водостопанството поради тоа што тоа стоело во договорот. Тој кажа дека се надева дека се надева дека СДСМ ќе ги спроведе проектите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи според неговите зборови тука не се работи за политика, туку за подобар животна многу семејства.

Тој го спомена и еден од најголемите проекти, а тоа е хидросистемот Злетовица. Проект со кој ќе се сруши еден голем проблем за наводнување. Тој е проект кој треба да се гради во три фази.

-Се надевам праксата која што ја имавме ние за разговори со земјоделските здруженија и овластените претставници, проблемите кои доаѓаа од кај нив до кај нас за решавање, ќе продолжат да ги имплементираат, затоа што според стартот на кој што почнаа да работат, мислам дека не не очекува една розова иднина, изјави Мицевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top