| четврток, 6 декември 2018 |

Во чорапи сокрил 125 илјади евра

Царинарници на граничниот преми Батровци кој се наоѓа меѓу Србија и Хрватска спречиле српски државјанин во обид да криумчари 125 илјади евра.

Парите биле пронајдени кај 69-годишен белграѓанин кој со сопругата и со уште една жена патувал кон Германија.

Парите биле пронајдени во чорапи во десната нога, а во новчаникот имало уште 450 евра, објавуваат медиумите во Србија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top