| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК усвои Деловник за работата и Правилник за начинот на решавање по приговори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница едногласно ги усвои Деловникот на Комисијата и Правилникот за начинот и постапката за решавање по приговори.

Од ДИК информираа дека двата документа кои регулираат важни и комплексни аспекти од работењето на ДИК се усвоени по неколкумесечен процес којшто отпочнал веднаш по завршување на предвремерните парламентарни избори во 2016 година.

– Овој процес вклучуваше евалуација на изборните активности од предвремените парламентарни избори 2016 година, анализа на препораките од Финалниот извештај на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР од набљудувањето на изборите 2016 година, инклузивни работилници и тркалезни маси во организација на ДИК на кои учествуваа претставници на граѓанските организации и државните институции со кои соработува ДИК и слично, се вели во соопштението.

Во текот на овој процес, како што информира ДИК, соработувано е и со меѓународен консултант ангажиран од страна на Венецијанската Комисија при Советот на Европа.

Двата документа ќе бидат објавени во „Службен весник на Република Македонија“ и на интернет страницата на ДИК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top