Банкарите дел од Стопанската комора на Македонија денеска се домаќини на Европската банкарска федерација. На 36-тиот состанок присутни се седумте редовни и седумте придружни членки на ЕБФ.
Пред претставниците на Австрија, Бугарија, Данска, Италија, Унгарија, Полска, Словенија, како и на Албанија, Азербејџан, Русија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора, состанокот ќе го отворат министерот за финансии Зоран Ставревски и гувернерот на НБРМ Димитар Богов. Се очекува пред присутните да се обратат и извршниот директор на ЕБФ Гвидо Равоети, како и Ѓорѓи Јанчевски, претседателот на Здружението на банкарството при СКМ.
Европската банкарска федерација цели кон постигнување на заеднички пазар во финансиските услуги. во неа членуваат национални банкарски асоцијации од 31 држава со 4500 банки со преку 2,5 милиони вработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.