| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдена мртва жена со куршум во градите

Од страна на Итна медицинска помош вчера во полиција во КУманово било пријавено дека во куќа на улицата „Романија“ е пронајдено женско лице со прострелна рана во пределот на градите.

Полицијата денеска информира дека по извршениот увид било констатирано дека во временскиот период од 08,30 до 17,00 часот, 46-годишната Т.Ш. додека била сама во куќата, со пиштол испукала еден куршум во пределот на градите. Истата била пронајдена од страна на нејзиниот сопруг.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top