| четврток, 6 декември 2018 |

Лукаку: Сигурно заминувам од Евертон, но каде сеуште е рано да кажам

Едно е сигурно, Ромелу Лукаку ова лето ги напушта редовите на Евертон, но сè уште не се знае кој клуб ќе го засили. Ова го потврди самиот фудбалер, кој пред јавноста изјави дека веќе го знае својот нов клуб, но не сакаше да го открие името на новиот клуб.

– Постигнат е договор. Мојот агент ги завршува последните детали и набрзо ќе се дознае за кој клуб ќе потпишам. Мислам дека сите знаете во кој правец сакам да ја продолжам мојата кариера, и сега сакам да останам смирен – изјави Лукаку.

Најверојатно се работи за актуелниот шампион на Премиер лигата, Челзи, од каде и дојде во редовите на Евертон, но за услугите на одличниот белгиски голгетер беше заинтересиран и Јунајтед на Мурињо. Лукаку изминатата сезона блескаше во дресот на Евертон, постугнувајќи 25 гола на 37 натпревари, што е негов личен рекорд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top