| четврток, 6 декември 2018 |

Едно ветува, друго прави: СДСМ гласаше против укинувањето на РДТ

-Ќе има нова Влада што ќе се грижи за граѓаните и радиодифузината такса ќе биде укината. Ништо повеќе не зависи од Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштуваше СДСМ во изборната кампања.

Велеа дека е неправедно граѓаните да плаќаат даноци за да го полнат буџетот образложувајќи дека „дополнително се плаќа Радиодифузна такса за финансирање на партиско гласило во што е претворена МРТВ“. Дека од интерес за сите граѓани е да се укине плаќањето на радиодифузната такса, укажувајќи на се почестото блокирање на десетици илјади граѓани и фирми токму поради таксата и  дека тоа презивикува дополнителни проблеми, малтретирања, хаос со наплатата и нови трошоци од кои граѓаните треба под итно да се ослободат.

Но, денеска истите тие гласаа против укинувањето на радиодифузната такса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top