| четврток, 6 декември 2018 |

Патот до Грција – изгор

Туристите од европските земји, кои преку граничниот премин Богородица се упатуваат кон плажите на Егејското море, на самиот влез во Грција многу скоро ќе се соочат со првата наплатна рампа за патарина.

Грчките градежници деновиве засилено работат на подготовка на наплатната рампа на автопатот Евзони-Солун, која се наоѓа во финална фаза. Таа е речиси целосно готова.

Наплатната рампа се наоѓа веднаш на влезот во Грција, поточно на околу два километра од преминот Евзони и барем засега ќе биде единствена на патот до Солун. Цената за автомобилите, кои се најбројни во екот на туристичката сезона, ќе се движи меѓу 2 и 2,5 евра. Патарината ќе биде дополнителен товар и за грчките граѓани кои секојдневно доаѓаат во Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top