Многу нешта се случија откако пукна тиквата помеѓу Аца Лукас и неговата сопруга Соња Вуксановиќ, поради нејзиното наводно неверство со кошаркарот Марко Јариќ.
Лукас гневен од целата ситуација се огласи на социјалните мрежи, за рекордно краток период си фати нова девојка. Тој во новиот број на Стори изјавува дека ќе се жени. Лут зошто сопругата ја искористи аферата за публицитет, пејачот на својот Фејсбук профил неодамна и порача дека нема да ја игра нејзината игра.
-Јас на мајката на своето дете ќе и оставам да се занимава со она што најмногу го сака и од мене никој нема да слушне ништо лошо за тебе, затоа што сепак си мајка на моето дете. Ти ги оставам медиумите, дружи се со нив, мести афери на таткото на твоето дете заедно со твоите машки пријателки, напиша тој.
За време на целата мешаница, Марко Јариќ остана далеку од очите на јавноста. Дали тој и Соња навистина се заедно? Изгледа дека не, со оглед на тоа дека во приказната се вмеша уште еден лик, поранешната сопруга на Марко, Адријана Лима.
Бразилскиот супер модел пристигна во Црна Гора, каде што во моментот се наоѓа и Јариќ. Иако се уште не се знае дали повторно се заедно или не, едно е јасно како ден.
Соња остана со празни раце, па сега може само да се слика и тоа во буквална смисла на зборот, со оглед на тоа дека ужива да биде во центарот на медиумското внимание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст