Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС) по барање на своите членови од 2016 континуирано спроведува активности и состаноци од кои произлегоа предлози преточени во акт за утврдување на основните критериуми за утврдување на цени на сметководствените услуги.
За донесениот акт, а во врска со критериумите Министерството за финансии се обрати со допис до институтот на 20.06.2017 со кој укажува кои активности и акти можат да се спроведуваат согласно Законот за вршење сметководствени работи и Статутот на Институтот, а во врска со кој допис Институтот излезе со информација дека постапува согласно дадените насоки и во согласност со Законот и актите на ИСОС.
И покрај тоа во недела на 2 јули 2017 извесна организација Бизнис конфедерација, без да се обрати до Институтот и да се информира за нашите активности, спровел и објавувил правна анализа на непостоечка одлука со која се обидува да пласира невистини во јавноста и со кое го нарушува угледот на институтот за што ќе бидат преземени соодветни постапки.
За таа цел ја информираме целата јавност дека Институтот на сметководители и овластени сметководители и понатаму во интерес на своите членови и општествената заедница во целост, согласно Законот за вршење сметководствени стандарди, Статутот, Годишната програма за континуирано професионално усовршување на Институтот, IFAC-овиот кодексот за етика на професионалните сметководители и Мегународниот стандард за едукација, ќе продолжи со активности за донесување и рангирање на сите критериуми кои ќе бидат основ за утврдување на цените на сметководствените услуги, и со тоа конечно да биде вреднуван интелектуалниот труд на сметководителите кои легално вршат сметкводствени услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст