Вработените во фабриката за шински возила „Колска“ не ги добија заостанатите плати, како што им ги вети новиот премиер Зоран Заев. Не се најде решение ниту за фабриката, па излажаните работници од денеска штрајкуваат и го блокираат железничкиот сообраќај во Велес. Утрово од 7 до 9 часот на железничката станица во Велес блокираа четири патнички возови, три домашни и еден меѓународен.
Вработените тврдат дека блокадата на сообраќајот е единствениот начин да извршат притисок врз МЖ Транспорт и Министерството за транспорт и врски за исплата на заостанатите плати.
-Трпението на вработените е при крај, остваривме средба со премиерот Зоран Заев, добивме ветување дека ќе ни се исплатат заостанатите плати, се сретнавме и со министерот Сугаревски и директорот на МЖ Транспорт, но решение нема. Оттогаш поминаа десет дена, а пари нема. Ние си ги бараме парите кои ни се одработени, 6.5 милиони денари имаме одработено, тоа е доволно за една и пол плата, вели синдикалецот Слободан Димитриев.
За 125-те вработени во „Колска“ подеднакво важно е да им се исплатат заостанатите пет плати, но и да се забрза процесот а припојување на фабриката со ЈП Македонски железници – Транспорт. Од синдикатот велат дека доколку во текот на денешниот ден не им бидат исплатени бараните плати, тогаш блокадата на железничкиот сообраќај ќе продолжи и утре, од 7 до 10 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст