Бромосексуалност е термин со кој се опишува интензивно пријателство без сексуален однос во кој еден маж е хомосексуалец. Иако имаат различни цели – едните сакаат да спијат со жени, другите со мажи – бромосексуалците можат да бидат многу добри пријатели и одлично да се разбираат.
Всушност, и самото име е кованица од браќа и романса, што значи дека нивната поврзаност може да се многу силна. Пријателството на хетеросексуален со хомосексуален маж не е новост во светот, но од неодамна има име по кое е препознатливо во поп културата.
Пред десетина години никој и не би поверувал дека вакво пријателство може да постои, ама во денешно време, со описот на овие пријателства во книгите и филмовите, урбаниот мит станува реалност.
Карактеристика на ова пријателство е мажевноста на двајцата мажи, наместо досегашното верување дека хомосексуалецот треба да го подучи својот хетеросексуален пријател за модата, фризурата или за уредување на станот.
Според дефиницијата за бромосексуалци, станува збор за мажевни, успешни мажи, кои на прво место го ставаат своето пријателство, дури потоа сексуалната ориентација.
Многу геј мажи одбиле да им ја откријат својата вистинска личност на пријателите од страв дека ќе ги изгубат. Денеска голем дел од нив најголемата поддршка ќе ја добијат токму од својот најдобар хетеросексуален пријател.
извор: www.hybread.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст