| четврток, 6 декември 2018 |

Журнал: ДР-ДПА на 9 јули ќе одржи Централно Собрание, оценување и за коалицијата со Заев

ДР-ДПА предводена од Зијадин Села на 9 јули ќе одржи Централно Собрание каде ќе има и примање на нови членови во партијата, но и ќе се оценуваат досегашните политики на заедничкото владеење со СДСМ.

Централното Собрание како што се дознава ќе ја оцени соработката со партиите од владината коалиција, но и ќе се бетонираат порано искажаните ставови што се однесуваат на целите на оваа партија за подржување на една реформска влада која ги исполнува барањата на Албанците.

Во спротивно ДР-ДПА веќе јасно кажа дека после 100 дена ќе излегува од Владата, доколку не помине Законот за албанскиот јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top