| четврток, 6 декември 2018 |

Мицковски за Зекири-хомофобот: „Саудиско Демократски Сојуз за Македонија“

„Саудиско Демократски Сојуз за Македонија“, коментира Ивор Мицковски преку социјалните мрежи откако заевата лева рака Мухамед Зекири, поранешен „независен“ новинар, а сега партиски потпретседател задолжен за односите на Заев со Албанците во Македонија, цитираше муслимански свети книги, со јасна тенденција на осуда на хомосексуалноста.

Бидејќи ваквите ставови се во целост спротиставени на социјалдемократијата, Мицковски не застанува тука, па лично му порачува „ти имаш спротивставени ставови со тоа што значи прогрес и менување на едно заостаното општество“

-Зекири за кој к…ц ќе ни се социјалдемократи ко тебе. Освен можеби да не вратиш 200 години назад у времето. Ало бе мајсторе, држиш забулена жена и ти пречат хомосексуалци. Ти немаш различни ставови од социјадемократијата или напредното општество, ти имаш спротивставени ставови со тоа што значи прогрес и менување на едно заостаното општество. Иди у С. Арабија да бидеш социјадемократ.

Откако заевиот соросов-усаидско медиумски клан увиде дека нивното омилено „чедо“, инаку исламски теолог, ја прешол границата, сега тој својот став го оградува од партискиот.

„Јас сум теолог и сум против геј бракови и против хомосексуалноста, тоа е мој личен став“- се објаснува Зекири, кој додека е потпретседателот на СДСМ, јавно истакнува дека хомосексуалноста е за секаква осуда.

Зекири всушност цитира дел каде се проколнуваат „она што го правеле луѓето од Лот“, кои всушност се Содомите од Содом, a со што всушност се проколнуваат хомосексуалците. Во истиот дел понатаму се проколнува и секс со животни и инцестот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top