Кина повторно ќе ја предводи листата за најбрз суперкомпјутер во светот. Владата на оваа земја го финансираше развојот на ваквата машина која се очекува да ја добие титулата кон крајот на овој месец.
Новиот суперкомпјутер е способен да пресметува податоци со брзина од 54.9 петафлопа, што е за двапати побрзо во однос на која и да е друга слична машина во САД. Компјутерот го носи името „Tianhe-2“ или Млечниот Пат 2 и чини околу 290 милиони долари.
Овој суперкомпјутер користи чипови на „Intel“, но кон нив се додадени и специјални технологии кои се развиени од кинеските инженери. Инсталирани се 32 илјади „Intel Xeon Ivy Bridge“ процесори, како и 48 илјади „Xeon Phi“ копроцесори.
Вкупната RAM меморија на овој суперкомпјутер е 1.404 петабајти. Хард дисковите имаат капацитет кој изнесува 12,4 петабајти.
Машината има потрошувачка на енергија од 17.6MW, а ако на сметките се придодаде и системот за ладење, потрошувачката расте до 24MW.
Компјутерот е дело на кинескиот Национален универзитет за технологија за одбрана. Тој е развиен во соработка со кинеското Министерство за наука и технологија, Националната фондација за природни науки и е спонзориран од кинеската влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.