| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо: Не кажав дека ќе си одам, само не сакам да ме третираат како деликвент

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо денамтираше дека се наоѓа на излезната врата од клубот, бидејќи не добил поддршка од клубот по повод обвинувањата дека затаил данок во износ од 14,7 милиони евра.

Шпанскиот „Ел Конфиденсијал“ ја објави првата изјава на Кристијано по најавите.

– Никогаш не кажав дека заминувам. Бев на вечера со соиграчите и им кажав дека сум незадоволен, дека ме повреди начинот на кој се однесуваше клубот. Во Шпанија ме третираат како деликвент. Ги исполнив своите даночни обврски и во Англија и во Шпанија. Не одам никаде – потенцираше Роналдо.

Реал Мадрид има договор со Кристијано Роналдо до јуни 2021 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top