Нигериец е уапсен на истокот од Франција откако е откриено дека во својот дигестивен тракт сокрил 79.000 евра и уште 13.000 швајцарски франци во облеката и чорапите, објави француската царинска служба во понеделникот.
Мажот бил приведен во близина на автобуската станица во Стразбур и прво на царинските службеници им објаснувал дека живее во Шпанија и оти заработувал со перење садови во некој ресторан на Балеарите, но подоцна понудил и други објаснувања за потеклото на парите кои се обидел да ги пренесе преку граница без да ги пријави.
Бил откриен откако куче тренирано за откривање дроги надушкало канабис на банкнотите кои ги сокрил во торбата и во облеката.
Кога полицијата вообичаено за ваквите случаи извршила и рентгенско снимање, открила дека мажот во својот организам има девет презервативи наполнети со банкноти од по 200 и 500 евра, или вкупно 79.000 евра.
Притворен е и обвинет за перење пари стекнати со продажба на дроги и за давање лажен исказ во полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст